СДСМ: Посветено работиме еднакво на праведно и правично општество и заштита од секаква дискриминација

СДСМ е партија предводник на градење на едно, еднакво, праведно и правично општество, кое се темели на принципот на еднаквост и ефикасна заштита од секаков вид на дискриминација, стои во партиското соопштение на СДСМ.

„Овие заложби се преточени во конкретни решенија, со усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и зајакнување на капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација.Надлежностите на Комисијата, чиј состав се одликува со независност и професионалност на избраните членови се прошируваат во насока на превенција на дискриминацијата и заштита на човековите права.Во демократско општество, нема место за дискриминација кон било која група или поединец.“ велат од СДСМ.

Посветено работиме, велат од партијата и нагласуваат сите заедно да се избориме со дискриминацијата, во интерес на граѓаните, на општеството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега