СДСМ: Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните- тој го врти грбот на кумановци

 
СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро, велат од партијата.
 
-Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци, стои во реакција од СДСМ.
 
Од таму велат дека за СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес.
 
Ваквата реакција следи по одлуката на Максим Димитриевски да оди како независен кандидат за градоначалник на изборите.
 
Димитриевски се уште официјално не ја соопшти ова информација, но најави прес конференција за попладнево.
27.08.2021 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега