СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори

Идејата на дел од партиите која овие денови се реактулизира Претседателот на државата да се избира во Собранието не е нова, велат од владејачката СДСМ, потсетувајќи дека истата идеја ја дала ДУИ во 2019 година и не била прифатена од владејачката партија.

-Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува. Не треба да се оди назад во демократските процеси. СДСМ останува на ставот дека Претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните, велат од СДСМ.

Според партијата, претседателот на државата треба да биде претставник на сите граѓани, без разлика на политичка, етничка и друга припадност.

-Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите. Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да допринесе за остварување на врвните стратешки и национални цели, велат од партијата.

23.02.2024 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега