СДСМ: Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако

Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако, велат од СДСМ преку соопштение.
 
Од партијата велат дека по фејк њуз Христијан Мицкоски, портпаролот Димче Арсовски, во своите лажни вести се заглави и  потпретседателот Владо Мисајловски.
 
„Славата со пласираните лажнати вести на Мисајловски многу кратко траеше.
 
Фејк њуз Мисајловски постираше фотографија од велосипедска патека во Австрија со свесна манипулација дека тоа е кај нас но веднаш беше поклопен од вистината.
 
Додека Владо Мисајловски од фејк-њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква.
 
Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта, водоводите, реалност е гасификацијата низ цела држава!
 
СДСМ останува посветена на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и она што го знае најдобро, да биде фејк-њуз партија“ стои во партиското соопштение на СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега