СДСМ: Што и згрешиле на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ 4.700 наставници и стручни работници?
„Пратениците на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ преку надлежната собраниска Комисија повеќе од 3 месеци блокираат законски измени со кои наставниците и стручните работници добиваат можности за постојано покачување на платите и подобар статус. Што и згрешиле на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ 4.700 наставници и стручни работници?“, прашуваат утрово од СДСМ.
„Дали тие им се виновни што Мицкоски нема идеја, став, план, програма, што нема понуда за граѓаните?
Блокадите и деструкциите не се политика. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја опструираат работата на собраниската Комисија треба да се вразумат. Наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно образовниот процес“, се додава во соопштението на партијата на власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа