СДСМ: Сите лаги потонаа, почнуваме преговори со ЕУ со зашитен македонски јазик и идентитет

СДСМ преку соопштение порача дека сите лаги и деструкции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потонале.

„Протоколот ги разобличи сите лаги на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, има реципроцитет за сите прашања.

Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик.

Веќе утре започнува дијалогот со ЕУ преку првата меѓувладина конференција која ќе се одржи во Брисел“, велат од СДСМ.

Сега, се отвораат нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните, порача владејачката партија.

„Залудно, Мицкоски шири манипулации за македонскиот јазикот, ги плаши граѓаните со асимилација и бугаризација.

Државата на чело со СДСМ покажа дека е возможно да се најде решение за сите отворени прашања, дека може да се продолжи интеграцијата во ЕУ а при тоа македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност да бидат заштитени и признаени од целиот свет.

Македонската иднина е обезбедена и таа е европска“, соопштија од СДСМ.

18.07.2022 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега