СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите

 

Според СДСМ, Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот.

Како што оценуваат, најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.

„Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот. ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите“, истакнуваат во реакцијата од оваа партија.

Граѓаните, мкако што додаваат, се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт, децидни се од СДСМ.

30.05.2023 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега