СДСМ: Со нас македонската култура постигнува значајни успеси

 

„Со посветеноста и заложбите на СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси и резултати. Изборот на Скопје за престолнина на културата во Европа за 2028 година е успех за македонската култура и признание за влогот на институциите предводени од СДСМ, Министерството за култура, Владата но и поранешната локална власт на Градот која имаше визија и ја подготви апликацијата“. Овие пораки ги испраќаат утрово од владејачката партија преку писмено соопштение испратено до медиумите.
 
Оттаму додаваат дека додека ДПМНЕ го уназадувало Скопје, тие обезбедувале можности за развој.
 
„Освојувањето на титулата Европска престолнина на културата овозможува значителни културни, економски, социјални придобивки за Скопје, и одлична можност Скопје и целата македонска култура во 2028 година да се претстават во најдобро светло на европската и светската сцена.
 
Овој нов успех на македонската култура доаѓа само неколку дена по одлуката на Комитетот на УНЕСКО Охридскиот регион да остане на листата на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност. Важноста на Охридскиот Регион е немерлива и трајна. Затоа, наша должност е да го заштитиме“, стои во соопштението на СДСМ.
 

 

СДСМ, преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност во заложбите за негување и промоција на културното богатство и преземените чекори и мерки се препознаени и валоризирани.
23.09.2023 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега