СДСМ: Вистинската грижа за земјоделците продолжува- навремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции

СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за земјоделците, особено кога поддршката од државата им е најпотребна, велат преку соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека 10 милиони евра субвенции се исплатени на сметките на речиси 12.000 земјоделци.

-Субвенции се исплатени за фармери кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметки имаат и сите фармери кои задржале женско јагнеНа тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.Продожуваме со навремена и неселективна исплата на субвенции, во интерес на секој земјоделец.Четири милијарди денари веќе се исплатени за земјоделците, а со усвоениот ребаланс на располагање имаме уште 3 милијарди денари.Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра  за над 66.000 земјоделци, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека во наредниот период следи исплатата на субвенциите и преостанатите субвенции.

-Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.Создаваме услови за раст и развој на агро-секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи, стои во партиското соопштение.

15.08.2021 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега