СДСМ: Владата предводена од СДСМ ги остварува заложбите за правда и владеење на правото

Уште во првите денови од новиот мандат Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, велат утринава преку соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните - правда во оваа држава има и ќе има.

- Законот важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред него одговара. Од друга страна, само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, денес ѝ пречи правната држава и негативно реагира кога во државата се спроведуваат законите. Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират со поразот на изборите и продолжуваат со старите пракси на деструктивност, популизам и лаги, велат во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега