СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ Блаже Конески, го нарекуваше „џуџето од Небрегово“
„ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за состојбата во културата и за слободата на изразување.
Токму оваа партија ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик“, вака реагираат од владејачката СДСМ во однос на прес-конференцијата на портпаролот на опозициската партија, Димче Наумовски.
„Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше „џуџето од Небрегово“.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста.
Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим постојано ја погазуваше, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува.
ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување“, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа