СДСМ: ВМРО ДПМНЕ да побара одговорност од Мицкоски за поткопување на државните позиции со Бугарија

СДСМ преку соопштение порача до ВМРО-ДПМНЕ да си побараат одговорност во нивниот лидер Христијан Мицкоски поради изјавите за процесот со Бугарија.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Христијан Мицкоски затоа што со денови ширеше лаги и невистини за процесот со Бугарија.

Мицкоски лажеше за наводна асимилација и бугаризација и ги поткопуваше државните позиции во однос на Бугарија.

За таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ да побара одговорност од Мицкоски а потоа да престане со деструкциите.

ВМРО-ДПМНЕ мора да се промени и наместо за туѓи интереси да почне да работи за интересите на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

24.06.2022 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега