СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е сигурен губитник на изборите

„Колку и да се труди Христијан Мицкоски не може да наметне лажна перцепција кај гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен губитник на изборите, тоа преку ноќ не се менува со брифинг на Мицкоски.

Ова е тактиката која му ја смисли на Мицкоски неговиот ментор Груевски во Будимпешта, како вовед во борбата за тронот после поразот на локалните избори. Мицкоски да не го признава поразот со правдање дека некој нешто наводно му украл“-вака реагираат од СДСМ во писмено соопштение до медиумите.

Во него е нагласено дека СДСМ е победник, и како што се вели во соопштението, немале намера да се мешаат во внатрешните пресметки на опозицијата.

„Ако решиле да живеат во лаги, заблуди и манипулации наменети за нивните членови, тоа е нивна одлука.

Но и тие добро знаат дека коалицијата “Најдоброто за вашата општина” предводена од Зоран Заев и СДСМ е апсолутен фаворит за нова, седма по ред, изборна победа“-додаваат од СДСМ.

23.09.2021 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега