СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е тендерска партија

ВМРО тендерска ДПМНЕ седум дена молчи за рацете на Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра - обвинуваат од СДСМ

Седум дена трае молкот од ВМРО-ДПМНЕ за тоа која е улогата на Христијан Мицкоски во спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица во Скопје?

Кадри на Мицкоски како поранешниот шеф на кабинет Златко Перински се обвинувани од страна на Данела Арсовска дека биле фатени со „рацете во медот“.

Цела недела траат меѓусебните обвинувања за наводен криминал, Мицкоски молчи за неговата улога во сето тоа.

Надлежните институции започнаа да постапуваат по допрен глас и добро е овој случај целосно да се истражи и ако се лоцира одговорност, сите инволвирани треба да сносат одговорност - велат од СДСМ

20.09.2022 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега