СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ слави со пиротехника додека Македонија уште е во црно
Срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – журка која се одржа додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани. Ова го велат денеска од СДСМ.
- Срамно е што на оваа прослава се аплаудираше на говор полн со омраза од премиерот Мицкоски, насочен кон семејствата на повредените и загинатите во Кочани. Дополнително, беа употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно. Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС? Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Зошто МВР молчи? Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите? Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин. СДСМ бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, казни и одговорност согласно законите, велат од опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа