СДСМ: Во процесот на набавка на вакцини се е законски и регуларно

ВМРО-ДПМНЕ со невистини и лажни вести се обидува да деградира здравствениот систем, со измислени конструкции сака да го поткопа процесот за набавка на вакцини, на штета на граѓаните и јавното здравје, велат преку соопштение од СДСМ.
 
Од партијата велат дека првите вакцини веќе се пристигнати, вакцинацијата на здравствените работници е во тек, се очекуваат и поголеми количини вакцини.
 
„Во процесот на набавка на вакцини се е законски и регуларно. Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители. Нервозата во белиот дворец расте поради серијата изборни порази, внатрепартискиот судир и правдата која е веќе тука, па ВМРО-ДПМНЕ шири невистини, бидејќи нема што да им понуди на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции, шири дезинформации и продава лажна загриженост за јавното здравје, затоа граѓаните ги казнија на избори, затоа се во опозиција и уште долго ќе останат таму.“ стои во соопштението на СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега