СДСМ: Затворена е темата за избори до 2024 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат однесувањето

СДСМ уште еднаш испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ дека темата за изборите е затворена до 2024 година.

„Темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, со декларацијата потпишана од сите политички партии од владината коалиција предводена од СДСМ.

Во време на глобална економска и енергетска криза потребно е вклучување на сите капацитети за поддршка на граѓаните и на компаниите, за политиките и мерките за справување со последиците од кризата.

Ефикасноста во донесување на законите е еден од начините.

Токму затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат однесувањето и да дадат поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа.

Овој ребаланс обезбедува дополнителни средства за нови антикризни мерки, за повисоки плати и пензии, за повеќе инвестиции во енергетиката и производството на храна и затоа е важно тој да биде усвоен што побрзо.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и компаниите за помош во време на криза да бидат усвоени.

Граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност“, соопштија од СДСМ.

22.06.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега