СДСМ:Нашата партија се бори за масовна имунизација, ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство

 
Додека СДСМ постојано апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација и води кампања која ја подигнува свеста за потребата од вакцинација, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата, Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат, велат од СДСМ преку соопштение.
 
-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на пандемијата се однесуваат неодговорно и опасно по јавното здравје, со намера да му наштетат на здравствениот систем и здравствените работници. Денес кога масовната имунизација е во полн ек, тие поддржуваат антиваксерски протести на кои се загрозува јавното здравје, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираатвелат од СДСМ.
 
Од партијата наведуваат дека доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера барем еднаш да покажат одговорност е фактот дека наместо да повикаат на вакцинација, правеа евалуација на кампањата за вакцинација. 
 

 

-На оваа деструктивна партија очигледно не и е јасно дека оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани и токму затоа граѓаните ќе го казнат ова антиваксерско однесување на претстојните локални избори, стои во партиското соопштение.
01.09.2021 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега