СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ се уплаши од Законот за потекло на имот

 
„ВМРО-ДПМНЕ се уплаши од Законот за потекло на имот затоа што ќе важи и за поранешни функционери“-вака реагираат во писмено соопштение од СДСМ.
 
Во него е истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на корупција и криминал, како и дека го прикажале стравот од Законот за потекло на имотот.
 
„Со Законот за потекло на имот освен актуелни, ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери. Затоа е стравот во белиот дворец, кој е полн со oсудени лица или лица против кои се водат судски процеси за коруптивни дејствија.
 
Договорени тендери, енормно богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ, преземање на цели бизниси, корупциски скандали, беа редовна појава за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Денес, на дело имаме јасна антикорупциска политика на институциите кои се посветени на обезбедување силен, независен и ефикасен правосуден систем, нешто што беше и очигледно се уште е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ“-се вели во соопштението на владејачката партија.
 

 

 
22.09.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега