Се ширела непријатна миризба - мртов маж пронајден во куќа во Скопје

 

МВР информираше дека вчера во 12:47 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на ул. „Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел 66-годишниот Т.Т. од Скопје, кој околу една недела не бил забележан од соседите.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат Т.Т.. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега