Секоја чест: Хрватска го освои третото место на СП - во 2018 беше втора

Хрватска вторпат во историјата го освои бронзениот медал на Светско првенство. Фудбалерите на Хрватска ја совлада селекцијата на Мароко во натпреварот за 3. место на Светското првенство 2022 година во Катар со резултат 2:1.

Сите голови беа постигнати во првото полувреме. За Хрватска погодија Јошко Гвардиол (7. минута) и Мислав Оршиќ (42. минута). Гвардиол со 20 години и 328 дена стана најмладиот стрелец во историјата на Хрватска на Мундијалите.

Единствениот погодок за Мароко го постигна Ашраф Дари во 9. минута.

Репрезентацијата на Хрватска освојува медал на второ Светско првенство во низа. На Светското првенство 2018 година, тимот загуби во финалето од Франција (2:4).

17.12.2022 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа