Села: Дијаспората има проблем да се попише, се надевам дека е технички

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по седницата на централното претседателство на партијата што се одржа во Тетово, побара Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората, бидејќи не можеле да се регистрираат на пописот, пренесе ТВ21.

Според Села, на денешниот прв ден од пописот, нивната партија добила поплаки дека не можат иселените лица да ја завршат постапката за попис преку интернет.

-Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот, бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден. Затоа ја користам приликата да се обратам јавно до директорот на Заводот ако се работи за технички проблем да се преземат мерки и да се регулира овој проблем. Да се обратам и на дијаспората-секој кој не може да се попише онлајн да се јави на семејството и блиските во Македонија да ги дадат податоците за тие да ги попишат. Цениме дека е многу важно пописот да се одржи, после 20 години немање попис, рече Села.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега