Села: Нашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите

ашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите немам никакво право да му кажам ниту јас а ниту господинот Гаши да работи против законите, истакна лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на новинарско прашање околу тоа дали нивниот член во ова изборно тело ќе ги потпише записниците за гласачите кои од Чучер Сандево гласаат во општина Бутел.

– Чучер Сандево и Бутел знам дека имаат околу 1000 граѓани. Нашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите. Јас немам никакво право да му кажам ниту јас,а нити господинот Гаши да работи против законите. Тој треба да ги почитува законите кои се однесуваат на овој дел, рече тој.

На вчерашната седница на Државната изборна комисија беше предложено, гласачите кои се наоѓаат на улиците „Бутелска“ и „Призренска“ кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако во нивните лични карти е запишана Општина Бутел, да бидат префрлени во избирачкиот список во општината на која територијално припаѓаат, но предлогот беше отфрлен со пет гласови „против“ и два „за“.

23.09.2021 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега