Села: Некој посилен од Заев и Мијалков наредил да се пријави во Обвинителството

Некој посилен од Заев и Мијалков наредил токму тој сам да се пријави во Обвинителството, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

– Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата.Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно согласно некаков договор, се врати – изјави Села.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега