Селмани: „Огнената група“ може да ја дестабилизира Владата

Поранешниот министер Име Селмани вечерва гостуваше во „Click Plus“ на „ТВ21“ и разговараше за „Огнената група“ и незадоволството во ДУИ.

Селмани смета дека „Огнената група“ може да предизвика дестабилизација на Владата.

„Таа група е составена од луѓе кои имаат тежина во ДУИ. Станува збор за двајца градоначалници, Блерим Беџети од Сарај и Висар Ганиу од Чаир. Меџити и Коџаџику се пратеници и сите имаат голем број гласови, ова може да биде сериозен удар за ДУИ и може да ја дестабилизира Владата, што не е добро во ваква криза“, вели Селмани.

03.10.2022 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега