Семејствата на жртвите од автобуската несреќа во Бугаријa: Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката

Семејствата на жртвите, кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно го прашаа претседателот на Собранието Џафери, зошто му сметала вистината.

Во дописот, објаснуваат дека денеска Џафери им ја отежнал болката. 

„Ние, семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика Претседателот на Комисијата, Халил Снопче, Претседателот на Собранието Талат Џафери ја откажа. Потсетуваме дека пратениците се наши претставници во Собранието и тие треба да бидат нашиот глас и нас да не бранат. Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага“?, се вели во дописот испратен до медиумите.

Оваа нивна реакција доаѓа од роднините на жрвтите во автобуската несреќа која се случи во Бугарија, по одложување на седницата на Анкетната комисија.

 

 

05.04.2022 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега