Серафимовски за ТВ 24: Автопатот Кичево - Охрид е црна дамка во градежништвото

 

Андреа Серафимовски од Здружението на градежништво, Стопанска комора во емисијата 24 анализа рече дека нивните градежници се уште се ангажирани како подизведувачи на главниот изведувач на таа траса и тоа било дел од договорот кој гио потпиша Синохидро со владата.

- Тоа е 51% од работата да ги изведуваат домашните компании. Во моментов, таму има над 1000 луѓе кои директно или индиректно работата за изведувачот. После сите овие години, се работи за проект со безброј грешки и аномалии, тоа преуранет проекти, проект во којшто се исцрпи нашето градежништво и кој донесе дополнителни трошоци на домашните компании. Ова е црна дамка што ни се случи во градежништвото и ќе добиеме еден проект, кој сме го преработиле. - рече Серафимовски.

06.11.2023 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега