Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација од исклучителна важност за граѓаните

 
 
„Собранието на Република Северна Македонија со 70 гласа „за“ го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација. Усвојувањето на овој закон е од исклучително значење пред се за граѓаните“ напиша денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својот фејсбук-профил по донесувањето на Законот.
 
Тој, како што вели Шахпаска, јасно ги дефинира основите на дискриминација, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со меѓународните стандарди и европската регулатива.
 
Воедно, пишува министерката, тој ја регулира и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како независно тело составено од професионалци од областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега