Шекеринска потврди: ДА, бев во домот на Боки 13, јас сум на снимката

Да, тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии, рече Радмила Шекеринска вечера во „Само истина на Канал 5 во врска со снимката што се појави деновиве, а за која се тврдеше дека министерката заедно со осудените Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО и Боки 13 седи во домот на Јовановски кој доби девет години затвор поради рекет.

Снимката, според Шекеринска, е пред случајот „Рекет“ да излезе во јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа