Шекеринска: Заев нема никогаш да стане Груевски

Поранешната заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска вели дека т.н. политички кујни не ѝ донеле една добра работа на својата политичка партија.

-Тоа се обични луѓе кои нема да донесат вредност во партијата, затоа што ќе дојдат на дуел или интервју ќе бидат добри, туку затоа што не пишуваат програма, нема да отидат со комшиите да разговараат и да помогнат на локалната власт, вели Шекеринска во гостувањето на Канал 5.

 

Вели дека во СДСМ никогаш не молчела и не се дистанцирала.

 
-За сите теми кои болат, мора да се дискутира. Ние донесовме ново време во земјава. Тоа време од режимот никогаш нема да дозволиме да се врати. Заев нема никогаш да стане Груевски. Пред 4 години обезбедивме слобода, а без слобода, нема правда“, вели Шекеринска.
21.05.2021 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега