Шилегов до Арсовска: Од Али Експрес градоначалник не бидува (ФОТО)

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов реагираше по соопштението на Град Скопје и испрати порака до актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска:

Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl:

Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира …

Секој со својот избор (и последиците од него) !

П.С. за протоколот (и надлежната) : 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ …

Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста …

Живеј, Ali Express … никој разумен не се замара со тебе веќе !

П.П.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите ?“, напиша Шилегов.

20.05.2022 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега