Шилегов: Само со груби лаги и манипулации ВМРО-ДПМНЕ може да креира вести за мене
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вели дека очигледна е немоќта на опозицијата да одговори на новите градски политики чии резултати се, како што вели, повидливи и добро прифатени од граѓаните.
Оваа реакција доаѓа откако претходно денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција рече дека Град Скопје ја ангажалирала адвокадската канцеларија во сопственост на Шилегов за консултации.
-Кога е таа структура во прашање тргнуваат кон креирање на лаги, на манипулации. Денеска од страна на портпаролот беше искажана една голема лага да се прикаже дека јас како градоначалник сум го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги. Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна. Град Скопје и јас како градоначалник немаме склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса не е влезено во моето адвокатско друштво. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво, рече Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа