Шилегов убедливо го губи Град Скопје

Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,66 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покражуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу шест проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ, пред Беким Сали од АА/А, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ и во Карпош води Стевчо Јакимовски од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ

31.10.2021 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа