Шилегов за Максим Димитриевски: Тој е неспособен да ги обезбеди компјутерите за учениците на време
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во гостувањето во Дневникот на Сител истакна главниот град е украсен бидејќи на време биле обезбедени технички помагала за сите ученици од средните училишта за следење на онлајн наставата.
-Ние обезбедивме 548 средства за електронска комуникација со цел дечињата да можат да присуствуваат на наставата. Зборувам за средните училишта, што се директна ингеренција на Град Скопје. Во преку 70 домаќинства, уште во септември овозможивме технички услови да добијат поквалитетен интернет во својот дом со цел да ја следат наставата. Имаме 68 дечиња кои согласно препораките на МОН на писмен ја следат наставата зашто не постои техничка можност да им обезбедиме интернет, вели Шилегов.
Но откако образложи какви средства обезбедил Градот остро ја коментираше работата на своите колеги, кои дел се и негови сопартијци.
-Тоа што некои градочаналници беа неспособно да тоа го обезбедат во текот на септември, и сега се кријат во популизмот, па макар биле и мои сопартијци, сега глумат лудило пред сопствената јавност дека обезбедиме компјутери, затоа не китиме. Не, тоа е неспособност на дотичниот градоначалник да ги обезбеди компјутерите на време, рече Шилегов, мислејќи на кумановскиот колега, Максим Димитриевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа