Шкријељ: Прво прочитајте, па гласајте за заклучоците и македонскиот јазик во ЕУ

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ на денешната собраниска седница, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не решиле ниту едно важно прашање.

„Во изминатиот период од 11 години додека владееше ВМРО-ДПМНЕ не реши ниедно важно прашања, нѐ испокаравте со сите соседи, внатре нѐ поделивте по сите можни основи“, порача Шкријељ на денешната собраниска седница.

„Седнете и добро прочитајте и ако и мислите добро на оваа држава, гласајте за овие заклучоци што значат гаранција за македонскиот јазик и идентитет и јазик. Во спротивно покажувате дека не ви е гајле ни за јазик, ни за идентитет, ни за историја“ заклучи пратеничката Шкријељ.

15.07.2022 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега