Шпанија испраќа тенкови „Леопард 2“ во Украина

 

Шпанија потврди дека до пролет ќе испрати одреден број борбени тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави синоќа шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес.

Таа ја потврди веста веднаш откако Германија соопшти дека ќе донира голем број тенкови и ќе им дозволи на сојузниците на Украина да го сторат истото.

Тенковите „Леопард 2“ ќе бидат стационирани во воената база во Сарагоса, а во наредните месеци ќе бидат испратени во Украина. Точниот број на тенкови не е потврден.

28.01.2023 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега