Шутаров: Кулминираше неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Кулминираше неспособноста на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска.
За првпат во историјата главниот град на државата е оставен без јавен превоз. Ова го изјави советникот на град Скопје, Гордан Шутаров од редовите на СДСМ.
 
„Жителите на Скопје, учениците, студентите, работниците, пензионерите се оставени без основната потреба, без превоз од Јавното сообраќајно претпријатие. Истовремено, возачите и вработените во ЈСП се оставени во една катастрофална состојба, без пари, без плати и тоа во време на економска криза.
 
Катастрофата, хаосот што се случува во град Скопје е резултат единствено на неспособноста на кадрите, на медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка.
Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година“, изјави Шутаров,.
 
-Тоа се причините зошто возачите, вработените во ЈСП немаат земено плати, тоа се причините зошто во Скопје нема јавен градски превоз, додаде Шутаров.

20.10.2022 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега