Симовски: Три години затвори за сите што ќе се попишат како да се во странство
Директорот на Државнито завод за статистика Апостол Симовски уверува дека системот за попишување од странство е максимално заштитен и не може никој да упадне со лажни податоци.
-Кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно да се регистрира како дијаспора од својот компјутер во Македонија, изјави Симовски за „Плусинфо“.
Ова доаѓа откако изутрината неколку програмери посочија дека во системот многу лесно може да се влезе преку користење „VPN“ со што секој кој е во Македонија може да се попише како да живее во странство.
– Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата, вели Симовски за „Плусинфо“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа