Сите се збунети: Паднаа Фејсбук и Инстаграм во цел свет

Бројни корисници на Фејсбук и Инстаграм во Македонија, преку други социјални мрежи, се распрашуваат зошто не можат да пристапат кон овие популарни мрежи. Одговорот е дека и Фејсбук и Инстаграм се „паднати“ во целиот свет, односно на глобално ниво.

Проблемите се појавија во 16.20 часот по македонско време.

На корисниците на Фејсбук им се прикажува дека се одјавени од профилите и не можат повторно да се регистрираат, додека на Инстаграм не работи таканаречениот фид.

Реакциитге се и дека не работи апликацијата Месинџер, но други пак корисници јавуваат дека кај нив функционира испраќањето пораки преку овој систем.

05.03.2024 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега