„Сите сме целосно потиштени, ние бевме повеќе од колеги, ние сме семејство“ – ѕвездите од „Пријатели“ за смртта на Метју Пери

 

Главните протагонисти на серијата „Пријатели“ објавија заедничка изјава по повод смртта на својот колега Метју Пери.

Зад изјавата потпишани се Џенифер Анистон, Мет Лебланк, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Кортни Кокс.

„Сите сме целосно потиштени. Ние бевме повеќе од колеги, ние сме семејство. Има уште многу да се каже, но засега ќе одвоиме миг за да го исплачеме и да ја разбереме оваа неразбирлива загуба. Засега мислите ни се со семејството на Мети, неговите пријатели и сите што го сакаа во целиот светот“, нагласуваат тие.

Метју Пери, кој го глумеше Чендлер, еден од главните ликови во „Пријатели“, беше пронајден мртов во своето џакузи дома во саботата. Тој имаше 54 години.

31.10.2023 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега