Скендер Реџепи: Ако не поминат уставните измени, албанските општини сами ќе почнат да го бараат патот кон ЕУ
Независниот пратеник Скендер Реџепи-Зејд, денеска предупреди дека во блиска иднина би можело да се случи некои албански општини да почнат да го бараат патот кон ЕУ.
– Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието. Историските проблеми помеѓу Македонците и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчари. Најдобро решение е преку измена на Уставот и нашата иднина да биде во ЕУ. За Бугарите, Гоце Делчев е Бугарин, а за Македонците останува Македонец. Треба да се отворат хоризонтите на државата во Унијата. Оптимист сум по природа, но во случајов сум песимист дека може да има уставни измени –рече Реџепи, како што пренесува Плусинфо.
За потребата, според него, од изгласувањето на уставните измени тој предупреди дека „ова е една шанса сите да патуваме заедно кон ЕУ и во ова патување имаме пречки поради некои индивидуални причини“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа