Скопјанец заврши во притвор: Насилно им влегол во домот и им барал пари

Полициски службеници од Полициска станица Центар го уапсиле 39-годишниот М.И. од Скопје.

„Лицето со метален предмет оштетил влезна врата од куќа сопственост на Д.Ф., при што барал пари и се заканил на Х.Д.(65), Ш.Н., Б.Р. и нејзината внука, сите од Скопје, кои живееле во куќата“, информираат од полицијата.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

18.05.2022 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега