Следува промена: До средината на следната недела локално невреме со дожд, грмежи и ветер

Синоптичарите најавуваат нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи до крајот на денот.

Слично време се очекува и утре – сончево и многу топло претпладне и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во попладневните часови. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок – 9.

Во Скопје за утре се најавува слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на наредната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со локално невреме и изолирана појава на град. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега