Со багер удрил во возило, жена тешко повредена

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.З.(52) од с.Требовле, општина Македонски Брод и правно лице со седиште во с.Брвеница, тетовско, сопственост на Д.С.(56) и Н.Ј.(50), двете од с.Брвеница, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување опасност при градежни работи“ .

Пријавениот В.З., додека работел со работна машина багер, сопственост на правното лице, удрил во патничко возило во кое сопатничка се здобила со телесна повреда

23.07.2025 - 22:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега