Сообраќајка во Скопје: Возач тешко повреден

Скопјанец се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 08.05.2021 во 10:20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Македонски војски“ и ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачија логан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.А.(56) од Скопје и мопед „јонвеј“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(64) од Скопје. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2021 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега