Сообраќајна несреќа во Прилеп, 19-годишник е тешко повреден

Сообраќајна несреќа го одбележа вчерашниот дел во Прилеп. Се судриле млад возач на мотоцикл и 44-годишен возач на „фолксваген голф“. Надлежните известуваат дека момчето е тешко повреден.

„На 21.09.2021 во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Марксова“ и ул.„Панде Чесноска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(44) од с.Житоше. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп“-се вели во соопштението.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

22.09.2021 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега