Соседка на напаѓачот во Цетиње: Беше многу чуден, а брат му се обеси
Првата соседка на Вук Бориловиќ, кој вчера уби 10 лица и повреди шест во Цетиње, открива каков бил нејзиниот сосед кој беше застрелан за време на вчерашната драма.
„Има некое зло во Цетиње. Сите сме со наведнати глави. Ѕверот уби и деца, нема оправдување. Завиени сме во црно. Прво ги убил децата... Тие деца си играа со неговите. Каква е таа судбина“, вели соседката.
Во разговор со српски „Курир“ зборувала и за неговото семејство.
„Никој не му направил ништо лошо. Цело семејство се чудни, не е само убиецот. Неговиот брат се обеси пред 15 години. Тоа остави голема трага на целото семејство Бориловиќ“, раскажува соседката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа