Совет на амбасадори: Анектирањето на украинските области е кршење на меѓународното право

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ денеска преку соопштение го осуди чинот на анектирање на украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон од страна на Русија и побара таа да ги повлече нејзините војници од окупираните територии.

-Совет на амбасадори смета дека овој чин претставува кршење на меѓународното право и е директна закана за светскиот мир, се вели во соопштението.

Советот на амбасадори, како што се додава, ги осудува и заканите на Владимир Путин за употреба на нуклеарнoто оружје и смета дека меѓународната заедница и Обединетите Нации недоволно реагираат на овие закани кои доколку се реализираат ќе можат да уништат дел од светската цивилизација. 

03.10.2022 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа