Спасовски: 24 декември е ден е потсетник на вистинското криминално и насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук, објавувајќи фотографија се присети на настаните на 24 декември.

-Да не се заборави и никогаш да не се повтори!Овој ден е потсетник на вистинското криминално и насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ. Режим никогаш повеќе!, напиша министерот.


На 24 декември 2012 се случи еден од најголемите удари врз демократските вредности во Македонија. Пратениците од опозицијата (СДСМ) и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година.

Овој настан предизвика голема политичка криза во чие надминување мораше да се инволвира ЕУ и други меѓународни фактори.

 

24.12.2021 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега