Спасовски: Избираме сигурна иднина за јавното здравје и перспективите, пред нас се многу сериозни избори

Пред нас се многу сериозни избори, на коишто избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи, истакна денеска на прес-конференција носителот на кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Оливер Спасовски.

Вели дека за да се заштити здравјето и егзистенцијата на сите мора да се продолжи со нови,р еални инцијативи и одговорни политики.

-Видовте дека претставничката од ВМРО-ДПМНЕ во Владата блокираше 30 милиони евра пари од Светската банка, што требаше да бидат вложени директно во здравството, во време кога цел свет наоѓа начини да се справи со последиците од коронакризата. А ги слушаме деновиве како ќе го обновеле здравството, што го урнисаа во децениското владеење со криминалните политики и продолжуваат да се однесуваат неодговорно. Ние, за три години обновивме 30 јавно-здравствени установи во земјава. Во ИЕ 2, Куманово доби нов Ургентен центар со можност за опслужување 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата, инвестиција од 900.000 евра. Пуштивме во работа нов Ургентен центар во Прилеп, иницијатива што постоеше цели 15 години, Струмица, по 33 години доби нова општа болница, по 50 години, целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина. Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри, рече Спасовски.

Според него, со овој развоен концепт, обезбедени се три пати повеќе специјализации.

-Скопје добива нов Клинички центар. Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри. Воведуваме и целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи. Замислете како ќе беше во оваа здравствена криза, да не ги имавме направено вложувањата во здравството, за само три години?! Како ќе беше да не ги имавме помошта и поддршката од нашите НАТО и ЕУ партнери, што ги обновивме во изминатите 3 години?! Обнова на режимот е опасност што нема да ја дозволиме. Мораме да излеземе на гласањето на 15.јули во што поголем број за да продолжиме по правиот пат. Ќе успееме и во заштитата на јавното здравје и нашата држава да добие институции со полн капацитет, што одговорно ќе се грижат за здравјето и егзистенцијата на сите граѓани. По НАТО, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ, бидејки ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата. Тоа носи развој на сите области – и во здравството, можеме уште повеќе и уште подобро и продолжуваме во сигурна иднина по правиот пат, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега